Езџан Алиоски има договор со Лидс до крајот на оваа сезона, и натаму нема никакви најави за продолжување на соработката, иако такво нешто се предвидуваше пред неколку месеци.
Македонскиот репрезентативец вчера имаше нов настап во Премиер лигата за својот Лидс во гостинската победа над Њукасл.
Турските медиуми шпекулираат дека ситуацијата со нашиот играч ја следи еден од најпознатите тамошни клубови, Галатасарај.
Односно се тврди дека веќе се договориле двете страни, па останува да се види дали тоа навистина ќе се потврди и на крајот од сезоната, или можеби и порано.
Сезонава Алиоски досега има вкупно 17 премиерлигашки настапи со два гола против Вест Бромвич и Њукасл.