Политичката партија Алијанса за Албанците соопшти дека ја прекинува соработката со, како што велат тие, сите политички субјекти кои не ја рефлектираат и запираат логиката на политичко профитерство со анатемизирање на Албанците.

Одлуката на Алијансата доаѓа по вчерашните настани кај Мавровка кога вооружена група ги нападна демонстрантите кои протестираа против францускиот предлог.

Меѓу нив беше и Цуфи Кока, член на АА и брат на Зуди Енузи, в.д. директор на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ во Скопје. Енузи синоќа беше разрешен од функцијата од страна на градоначалничката Данела Арсовска поради случувањата.

Од Алијансата наведуваат дека настаните пред Мавровка биле сценарио за напад врз Албанците од Скопје и нивните имоти.