Четири месеци од трагедијата во модуларната болница во Тетово. Со писмена реакција се јави опозициската Алијанса за Албанците. Од партијата велат дека актуелниот режим уште од првите денови по трагедијата почнал да ја крие вистината, трагите од злосторството и да ги исмева роднините на жртвите депонирајќи ги, а потоа отфрлајќи ги оставките. „За иронијата да биде уште поголема, министерот и заменикот-министер за здравство не беа разрешени кога живи изгореа 14 тетовци, туку кога требаше да се прават политички пазарења за да преживее режимот. Ова само го потврдува тоа што постојано го предупредувавме, дека власта на хибридниот режим е поважна од животот на граѓаните“, пишува во реакцијата на Алијанса за Албанците.