Партијата Алијанса за Албанците со осуда за ослободувањето на Сашо Мијалков од притвор. Од партијата на Зијадин Села сметаат дека со тој потег се демаскира „евроинтеграциската“ агенда на Владата.
„Режимот Ахмети-Мијалков-Заев продолжува со помилувањето на криминалците, одговарајќи им на најарогантен можен начин на граѓаните коишто им се спротивставуваат на нивните криминални дејствија“.
„Само после два дена откако не им дозволивме да ги помилуваат Сеад Кочан, Александар Василевски Нинџа и Бобан Илиќ, Министерството за (не)правда ја повлече комплетната листа, не дозволувајќи да се помилуваат ниту затворениците коишто се со полесни прекршоци, а и невини по затворите.
Од друга страна, со одлука на Апелацискиот суд, денес беше ослободен Сашо Мијалков, главниот партнер на актуелниот режим и човекот кој што уништи човечки судбини и го уништи државниот буџет. Овој случај уште еднаш ја демаскира измамничката евроинтеграциска агенда на овој режим и ги оправда нашите оценки дека овој режим треба да падне ден порано. Сите тие кои што му го продолжија животот на овој режим, денес се виде дека придонеле за да се постигне помилување на криминалците“, стои во партиското соопштение на Алијанса за Албанците.