Алијанса за Албанците застанува зад предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за иден мандатар на владата да го поддржат претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. На денешната прес конференција, пратеникот на Алтернатива, Елми Азири, изрази увереност дека Мискоски кај Гаши препознал низа квалитети коишто би можеле да бидат употребени за излез на земјава од повеќето кризи.
„Претпоставувам дека господинот Мицкоски, кај господинот Африм Гаши видел капацитети за справување со сите кризи што се случуваат во Македонија, но и со решавање на евроинтеграцискиот процес, односно деблокирање на тој процес. Така што ние го поддржуваме тој предлог, зошто да не“, вели Азири.