Од Алијанса за Албанците денеска излегоа со соопштение во кое се вели дека на граѓаните им треба итна помош, и дека доста е веќе со паради.
„Седнете и размислете! Ако не, земете ги нашите готови предлози што ги имате. Секој месец семејниот буџет станува се потешко издржлив. Со иста сума на пари се помалку се купуваат производи и се извршуваат услугите. Во април, инфлацијата која ја мери промената на цените на кошничката со производи за широка потрошувачка, е зголемена за 11,1% во однос на истиот месец од претходната година. Ова е уште еден црн рекорд, по оној од март истата година (податоци објавени од Заводот за статистика на РСМ). Ова зголемување се гледа и се чувствува дека најмногу ги погоди семејствата со ниски приходи“, посочуваат од Алијанса за Албанците.
Од партијата додаваат дека расходите за набавка на основни кошнички производи, како леб, масло, млечни производи и шеќер се зголемени со двоцифрена стапка од 4 до 20 отсто.
„Раст има речиси во сите сектори на индустријата и услугите. Покрај прехранбените производи, цената на горивата исто така продолжува да расте. Тие достигнуваат историски рекорди, зголемување кое покрај негативните ефекти што ги носи кај производителите кои користат нафта и гас како суровини, има големо влијание врз сите потрошувачи преку зголемување на цените на производите и услугите на производите. Алијанса за Албанците во неколку наврати го изнесуваше својот став за мерките што треба да ги преземе Владата за да одговори на поскапувањето. Една од главните и најкорисните мерки би било намалувањето – намалување на даноците и акцизите содржани во цената на горивото“, велат од партијата.