Алијансата за Албанците е посветена и ќе продолжи да се залага и во иднина да го реши и отстрани овој наратив за Албанците, истакнуваат од партијата преку соопштение во врска со формулацијата „јазик што го зборуваат над 20 отсто од населението” и да стои само албански јазик.
Од партијата посочуваат дека в.д. претседателот Арбен Таравари ги повикал сите партии да седнат на маса.
– Ние бевме и сме за соработка со сите политички партии со единствена цел да го решиме овој проблем. в.д. претседателот на АА, Арбен Таравари, ги повика сите партии да седнат на маса и ние сме подготвени да седнеме ден поскоро, кога сите ќе бидат подготвени, велат од Алијансата за Албанците.
Движењето Беса во текот на неделата ќе го прецизира повикот за средба на заедничката маса на албанските парламентарни партии. Од извори на албанската опозициска партија се дознава дека на средбата ќе бидат поканети сите албански партии застапени во Собранието.
„Нашиот став е дека 20% треба да се отстрани од Уставот затоа што тој е навредлив за нас како народ. На последниот попис излезе резултатот дека сме повеќе од 20%, и ќе продолжиме да бараме со сите сили во Собранието укинување еднаш засекогаш на 20%“, рече Блерим Сејдиу, потпретседател на Движењето Беса.