По најавата за враќање на српскиот јазик како изборен во наставната програма соопштена од премиерот Заев стигна реакција и од партијата Алијанса за Албанците.

„Во врска со изјавата на премиерот Заев за воведување на српскиот јазик како изборен предмет во наставната програма, сакаме да потенцираме дека не сме против ниеден јазик, но ние како Алијанса за Албанците и Коалицијата често зборувавме за парадоксите и апсурдот на креирање политики во Северна Македонија“, реагираше партијата на Зијадин Села преку соопштение.

„Таков парадокс слушнавме и денес. Зоран Заев, во кампања барајќи гласови од Албанците, вети албански јазик како изборен предмет за Македонците низ целата земја, а од друга страна неговиот партнер Али Ахмети, на последните избори вети албански јазик како задолжителен предмет од петто одделение за македонските ученици, но наместо овие две ветувања, заедно сакаат да го направат изборен предмет српскиот јазик“, се вели во соопштението.