Алијансата за Албанците не соопштува детали за преговорите со премиерот Димитар Ковачевски за да стане дел од Владата. Сепак, Алсат неофицијално дознава дека има повеќе министерства во комбинации, меѓу кои и она за правда, здравство, образование и информатичко општество и администрација. Ниту премиерот Ковачевски не откри детали од преговорите со албанската опозиција. Ковачевски вели дека на последната средба со Таравар не се разговарало за поделба на ресори. Тој вели дека вратите на Владата се отворени за сите кои се проевропски настроени.

Во меѓувреме, ДУИ оценува дека треба да се здружат силите за уставни измени.

„Во моментов нема такви разговори, но сите сили кои ја поддржуваат европската интеграција на Северна Македонија треба да ги сконцентрираат своите сили за реализација на промена на уставот и сите реформи потребни за интегрирање во Европската унија“, изјави Артан Груби, ДУИ.

ВД претседателот на Аалијанса, Арбен Таравари, вчера во Владата се сретна со премиерот Димитар Ковачевски. Но, по средбата двајцата изјавија дека не разговарале за влез во Владата, туку за уставните измени, енергетската криза и европскиот пат на земјата.