Алијанса за Албанците се огласи со соопштение за синоќешната полициска акција на ГП Табановце во која се уапсени девет лица, меѓу кои командир и заменик комантир и полицајци. Како што велат од оваа партија, акцијата е со цел да се прикрие скандалот со заменик минисерот во МВР, Назим Буши, кој уживал во луксузен претседателски апартман во Турција.

Еве што велат од Алијанса за Албанците во нивното соопштение кое го пренесуваме во целост.

Оваа изрека, којашто веќе е станата популарна за опишување на корупцијата на високо ниво, најдобро ја карактеризира состојбата во која нашата земја е опфатена во секоја сфера од чумата на корупцијата.

Најдобро ја опишува, бидејќи корупцијата сега стана генерализирана и мотив да се влезе во политика, да се работи во кое било министерство, државна агенција, во судство, на универзитет или на клиника, за значителен дел од државните функционери партизирани и недопирливи од правдата, веќе не е подобрување на животот на граѓаните или платата во јавниот сектор. Главен мотив за овие функционери е процентот добиен од јавниот тендер, поткупот и подароците од мрежите на организиран криминал. А безбедносниот сектор веќе е еден од најпогодените од корупцијата.

Оваа реалност објаснува како рускиот олигарх, санкциониран од САД, стекнал  државјанство на РСМ. Тоа објаснува и како политичарите, судиите, обвинителите но, и високите полициски и царински службеници водат луксузен живот, со скапи автомобили и одмори во далечни земји коишто нашите граѓани ги гледаат само на филмови.

Оваа јавна тајна синоќа ја потврди и акцијата на граничниот премин Табановце, при што беа запленети значителни суми пари. Јавна тајна, затоа што секој граѓанин на оваа земја знае дека митото и рекетот се правило на граничните точки на државата, кои се гнездо на криминалот и корупцијата.

Граѓаните знаеја дека уапсените полицајци и цариници синоќа, се криминализирани. На граѓаните им е јасно и зошто оваа холивудска акција се случи синоќа и за време на големиот бран на иселениците кои се враќаат во татковината, бидејќи веќе се навикнати на груевистичките сценарија кои ја карактеризираат 20-годишната влада на ДУИ.

Затоа и ние немаме зашто да не се сомневаме дека оваа акција е спроведена за да се покрие најголемиот скандал во последните неколку дена на чело на МВР, а тоа е видеото на Заменик министерот, Буши, кое стана вирално на социјалните мрежи.

На таа снимка го гледаме заменик министерот за внатрешни работи како се забавува во претседателскиот апартман на еден од најлуксузните хотели во Истанбул, кадешто една ноќ чини ни помалку ни повеќе туку 20.000 евра. Така, министер со месечна плата од 1.000 евра и без пријавен имот на негово име во Антикорупциска комисија, се забавува со семејството во хотел кадешто ноќевањето чини 20.000 евра.

Ова е најдобрата илустрација на изреката мала плата, голем профит и необјаснив и неоправдан луксуз врз основа на фактичката состојба. Значи, или заменик министерот излажал во изјавата за имотна состојба или некој му платил 20.000 евра од ноќевање во Истанбул. Ако лажел, треба да одговара според законот. Ако ова било подарок, тој сепак треба да даде отчет, бидејќи подароците што ги добиваат владините функционери од трети лица се регулирани со закон поради ризикот од судир на интереси, уште повеќе во чувствителен сектор како внатрешните работи.

Постои уште една изрека што ја карактеризира нашата корумпирана реалност. Рибата скапува од главата. Затоа, наместо функционерите од Табановце, кои се опашка на корупцијата, го повикуваме обвинителството да ја истражи главата на корупција во МВР.

Овој случај е уште една причина зошто не може да се бориме против криминалот и корупцијата без точките што веќе ги презентираше Алијанса за Албанците за воспоставување владеење на правото: ветинг во политиката, ветинг во правдата, конфискација на неоправдани имоти и двојно зголемување на јавните инвестиции во судството, во јавното обвинителство и во институциите надлежни за спречување на корупцијата. Овој случај е еклатантен пример и за тимот истражители од САД кои се подготвуваат да ја прошират црната листа на корумпирани функционери во Северна Македонија.