Алијанса за Албанците испрати фотографии од брегот на Охридското езеро на кои се гледа како на дел од крајбрежјето се појави бетониран простор. Тие обвинуваат дека ова е алармантно бетонирање на место кое што е Светско наследство на УНЕСКО.

Граѓаните пријавуваат за пет викендички на кампот Ливадиште кои што по се изгледа се градат од страна на градоначалникот и неговите блиски, на земјиште во сопственост на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).  Заменик директорот на ЕСМ исто така е член на ДУИ. Овој нов криминал во урбанизмот и животната средина се случува само после една недела откако нивната партија го објави своето ребрендирање во зелена партија. Ја повикуваме јавно Владата на Северна Македонија веднаш да ја запре оваа нелегална градба, додека, инспекторатот и обвинителството да обезбедат преземање на соодветни мерки против нарачателите, велат од оваа партија.