Собранието на Република Северна Македонија денеска ја почна 38. седница со две точки на дневниот ред, одложување на пописот што би се одржал од 5 до 30 септември, како и измена на Изборниот законик со којшто се предвидува употреба на терминали за отчитување на отисок од прсти на локалните избори, што исто така ќе бидат одложени за втората половина на октомври.

Во салата беа присустни 102 пратеници, „за“ дневниот ред гласаа 94 пратеници. Немаше „против“ и „воздржани“.

Пратениците ја изгласаа потребата од донесување на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Севрна Македонија, 2021 година по скратена постапка, поднесен од Владата, и Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, чии предлагачи се претставници од сите пратенички групи во Собранието.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ги повика претседателите на комисиите да ги закажат седниците на кои ќе се разгледуваат законите и за пратениците да знаат до кога може да се поднесуваат амандмани.  Измените на Законот за попис ќе бидат разгледувани на Комисијата за европски прашања, а доколку бидат

Против одложувањето на Законот за попис се изјасни пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива, чиј координатор Скендер Реџепи побара пауза од еден час.

Реџепи го повтори ставот за политизација на пописот, е против соживотот во државата,  дека одложувањето ќе биде на штета на Албанците, и не е поради пандемијата. Тој изнесе низа критики за ДУИ и за работењето на претседателот на Собранието Талат Џафери. Реџепи ги повика пратениците на ДУИ да не гласаат за одложување на пописот.

Џафери рече дека обраќањето на Реџепи било од процедурална природа и дека седниците ги води согласно процедурите.

Арбр Адеми, координаторот на пратеничката група на ДУИ оцени дека Реџепи ја злоупотребил говорницата и дека треба да се зачува на кредибилитетот на Собранието.

-ДУИ 20 години добива поддршка од Албанците и постојано инсистира на соработка со опозицијата, рече Адеми додавајќи дека АА и Алтернатива не сакаат да соработуваат со  нив туку бараат поединечни средби со лидери на други партии.

Седницата ќе продолжи во 15 и 15 часот.