Промовирањето на планот ,,Европа дома” е следното мајтапење со граѓаните од страна на премиерот Зоран Заев, смета коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, пренесува Плусинфо.

– Да се најдеш на ранг листа на ниво со Монголија во однос на нивото на корупција и да зборуваш за европски стандарди е повеќе од несериозно. Владата која целосно потфрли со менаџирање на пандемијата и со највисока стапка на смртност, и со вакцини обезбедени со ,,просење” нема кредибилитет и морално право да зборува за европски стандарди дома – велат од Алијанса и Алтернатива.

Според коалицијата, премиерот Заев и неговата ,,банда” се една ,,несреќа во несреќа” што им се случува на граѓаните.

– Тие што ја донесоа нашата држава на ова дереџе ни зборуваат за европски стандарди. Вие г-не премиер сте го изгубиле патот во вашиот двор, вие мислите дека со ,,google maps” ќе стигнете во Европа!? – велат од Коалицијата.