Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива до Уставниот суд поднесе иницијатива за проценка на законитоста на одлуката на Владата, со која се ослободуваат српските граѓани од плаќање на патарините. Адвокатот на коалицијата, Абидин Абдули изјави дека одлуката е спротивна на законот за патарина и во исто време ги става во нееднаква положба граѓаните на земјата, но и странските државјани на соседните земји кои транзитираат низ Северна Македонија .
„Ние сметаме дека како политичка партија оваа одлука на Владата е против-законска затоа што во Законот за јавни патишта е напишано таксативно кои возила се ослободени од патарина. Затоа, сметаме дека секоја одлука на Владата треба да биде во согласност со законите на Република Северна Македонија. Не е прв пат Уставниот суд да не даде одговор, но ние како политичка партија мора да го кренеме својот глас против каква било неправда, каква било судска одлука, каква било одлука на Владата што не е во согласност со законите на ова место“, изјави Абидин Абдули, адвокат АА-Алтернатива.