Коалицијата Алијанса за Алабнците и Алтернатива е одлучна, Законот за државјанство треба да биде усвоен, во спротивно тие се враќаат на блокадата на Собранието. Алијанса и Алтернатива бараат од премиерот Зоран Заев да го преиспита блокирањето на законот за доброто на процесите што следат.
„Повлекување на предлогот од постапка не доаѓа во предвид“, вели Реџепи и потенцира дека партиите биле навремено информирани за текстот на законот, но наместо амандмани тој вели дека партиите – ВМРО ДПМНЕ и Левица се координирале да го блокираат законот.
Предлог законот за државјанство усогласен меѓу Алијсна – Алтернатива и Владата предвидува олеснување на постапките за добивање државјанство со официјален документ или преку натурализација. Предлогот во моментов е во Комитетот за одбрана и безбедност во фаза на амандмани, а Левица и ВМРО ДПМНЕ 3 дена по ред го блокираат нивното читање со процедурални говори.