Најголем број директорските позиции кои ќе ги добива Алијанса за Албанците, ќе бидат преземени од Алтернатива и „Огнената група“ во ДУИ. Според информациите на Алсат, од извори во Алијанса премиерот Димитар Ковачевски и Арбен Таравари се договориле за најголемиот број на директорските функции со кои ќе раководи Алијанса. Од директорските позиции со кои раководеа кадри на Алтернатива, Алијанса ги презема МЕПСО, пензискиот фонд, Тетовска болница и железници – Инфраструктура. Додека од кадрите кои се блиски до „Огнената група“, како што дознава Алсат, Алијанса ќе раководи со Психијатриската болница во Бардовци. ДУИ ќе го остапи Тетовскиот театар и Просветниот инспекторат. Кадри на Алијанса ќе управуваат и со Македонски пошти и со Управата за управување со одземен имот со кои досега раководеше кадар на СДСМ. Како што се дознава, меѓу Алијанса и СДСМ имало разговори и за државниот правобранител.

Алијанса ќе има и тројца заменици директори – на УЈП и на ЕЛЕМ, позиции кои беа на ДУИ, и на Агенцијата за млади и спорт – позиција на која беше кадар од Алтернатива. Партијата на Таравари ќе го води и меѓуопштинскиот центар за социјални работи во град Скопје.

Алсат дознава дека Алијанса ќе има двајца државни секретари и тоа во Министерството за труд и социјална политика, како и о Министерството за политички систем.

Поради „војната“ во ДУИ меѓу Ахметистите и „Огнената група“, Алијанса го доби и метото заменик министер за одбрана, од Башким Асани, кој е близок до структурите на огнената група во Гостивар.

Според договорот меѓу Ковачевски и Таравари, Алијанса ќе води и со неколку други дирекции, кои засега не ги откриваат ниту едната страна.

Директорски позиции

МЕПСО – Алтернатива

Пензиски фонд – Алтернатива

Железници – Инфраструктура – Алтернатива

Тетовска болница – Алтернатива

Психијатриска болница – Бардовце – ДУИ (огнена група)

Државен правобранител –

Просветен Инспекторат – ДУИ

Тетовски театар – ДУИ

Пошта на Македонија – СДСМ

Управа за управување со одземен имот – СДСМ

ЗАМЕНИЦИ ДИРЕКТОРИ

Заменик директор во УЈП- ДУИ

Заменик директор во ЕЛЕМ -ДУИ

Заменик директор во Агенцијата за млади и спорт- Алтернатива

државни секретари во

Во министерството за политички систем

Во Министерството за труд и социјална политика

Заменик министер за одбрана (огнена група).