Од опозициската коалиција Алијанса/Алтернатива велат дека е помалку важно дали патните исправи се издадени во време на ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, туку дека ДУИ цело време е во МВР за да овозможи издавање пасоши на криминалци додека Албанците ги остави без државјанство“

Зошто ДУИ, која сите овие години е во МВР, молчи за издавањето лажни пасоши на странски државјани, додека лица кои со години живеат во земјава не можат да добијат државјанство, прашуваат од опозициската коалиција Алијанса/Алтернатива.

„За коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива е помалку важно дали пасошите се издадени во времето на СДСМ, како што вели Мицковски, или во времето на ВМРО-ДПМНЕ, како што вели Заев. Но една работа е сигурна – дека ДУИ беше таму цело време за да им овозможи издавање пасоши на криминалците додека Албанците ги остави без државјанство,  велат од Алијанса за Албанците.