Албанската опозициска коалиција критикуваше дека власта се подготвува да спонзорира медиуми, со видео спотови за рекламирање на туризам. Како што велат се е тоа во ред, но во услови кога доцнат вакцини, кога граѓаните едвај прежувуваат, во медиумите ќе се слеат 220.000 евра државни пари, велат од коалицијата.
-Во времето кога, како последица на растот на цените граѓаните едвај преживуваат и кога сеуште недостасуваат вакцини за имунизација на населението, Владата на Северна Македонија, преку Министерството за Економија, со тендер од преку 220.000 евра се спрема да ги спонзоризира медиумите, поточно интернет-порталите, со видео спотови за рекламирање на туризмот, сево ова во врвот на пандемијата.
Многу е чудно како во време на пандемија и на економска криза, која секој ден брои десетина жртви, владата му дава приоритет на еден ваков проект, но уште поскандалозно е фактот дека ќе се избира една компанија која потоа ќе донесе одлука кои портали ќе добиваат од овие финансиски средства со досега непознати критериуми. По се изгледа, тој список ќе го изготви владата со нивните омилени портали.
Во време кога само 3% од населението е вакцинирано, нема како да се коментира поинаку овој чекор на владата, освен како обид за зголемување на притисокот врз медиумите, како обид за корумпирање на истите или како обид да се поткупуваат и да се отплатат “нивните’’ медиуми во пресрет на локалните избори.
Тргнувајќи од ова, апелираме до Владата да им одговори на барањата на туристичките работници и паричните средства да им ги префрли на нив како помош, а потоа самите тие да се грижат за рекламирање на домашниот туризам, велат од оваа коалиција.