Државниот Завод за Статистика којшто денес информира дека нема да започне пописот на терен, кога веќе според законот на сила пописот започнал, извршува кривично дело, велат од коалциијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Ова одбивање за да се спроведе законот е силен удар врз принципот на правна сигурност, како основен концепт на правна држава.  Го повикуваме Обвинителството итно да ги преземе потребните мерки за зачувување на правната држава и владеењето на правото,  со тоа што ќе поднесе обвинение против Директорот и Заменик Директорот на Државниот Завод за Статистика.

Го потсетуваме Обвинителството за тоа што вели законот за попис во членовите 16 и 18.

Член 16-Државниот Завод за Статистика се грижи за законитоста при подготовката,  организацијата и реализацијата на пописот во согласност со одредбите на овој закон и врши надзор над работата на лицата-учесници на пописот.

Член 18 – Во рамките на нивните надлежности утврдени со закон, во вршење на одредени пописи учествуваат:

  1. Министерство за одбрана;
  2. Министерство за правда;
  3. Министерство за труд и социјална политика;
  4. Министерство за надворешни работи;
  5. Агенција за катастар на недвижнини и други носители на прибирање податоци.