Средбата на премиерот Зоран Заев со претставниците на Алијансата за Акбанците и Алтернатива ќе се одржи најверојатно на почетокот на следната недела поради здравствени причини на еден од претставниците на коалицијата. Средбата на која треба да се разговара за законот за државјанство и решавање на проблемот со немањето државјанство на одреден број граѓани, како што информираат од АА и Алтернатива за МИА, би требало да се одржи во понеделник или евентуално во вторник.
Во изјава за ТВ 21 ова го потврди и премиерот Зоран Заев.
– Во прашање се здравствени причини на лицата што треба да учествуваат на средбата. Затоа, наместо утре или во петок, средбата ќе се одржи на почетокот на следната недела, најверојатно во понеделник. Имаме веќе наши предлози и мислиме, барем од наша страна, дека ќе се најде решение во правец на целта која сакаат да ја постигнат Алијанса/Алтернатива за добивање на државјанство на граѓаните, изјави Заев.
Минатата недела, премиерот Заев заедно со неколкумина министри се сретна со координаторот на пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи и со неговата заменичка во врска со законот за државјанство, којшто беше причина за блокада на дваесетина закони во Парламентот. Тогаш и Заев и Реџепи рекоа дека има оптимизам за решавање на оваа прашање