Алијансата за Албанците оценува дека ВМРО-ДПМНЕ, заедно со „експериментот ВЛЕН“, се обидува да ја оцрни фигурата на претседателот, д-р Арбен Таравари, преку клевети и игри со зборови, се наведува во реакцијата на Алијанса за Албанците на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити, доколку имаат некакво сомневање или тврдење, нека го докажат. Во спротивно, тоа останува само ниска пропаганда за одвлекување на вниманието од вистината: д-р Арбен Таравари им ги урна мрачните планови против Албанците. Ова можат многу лесно да го направат, бидејќи сите државни институции ги имаат под контрола и имаат целосен пристап до секој официјален документ. Ги повикуваме да се разбудат – тие не се опозиција, тие се власт и држава. Алијансата за Албанците ги повикува, користејќи ги сите надлежности и институции што ги раководат, да презентираат барем една единствена врска помеѓу инвеститорот од Албанија и д-р Арбен Таравари. Или можеби, за нив секој инвеститор од Република Албанија е сомнителен?“, се наведува во реакцијара.

Текстот Алијанса за Албанците: ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја оцрни фигурата на Таравари преку клевети и игри со зборови е превземен од МАКФАКС.