„Етничкото чистење на Албанците во институциите кое започна со намалувањето на процентот во Балансер, продолжува со здравствениот сектор на чело со Арбен Таравари. Денеска за жал беше објавено дека директорот на Клиниката за токсикологија, поставен од самиот Таравари, отпуштил 18 Албанци. Во меѓувреме, голем број вработени во други клиники алармираат дека добиле предупредувања дека многу брзо може да ја имаат истата судбина.

Го повикуваме Таравари и коалицијата ВЛЕН да престанат со оваа сервилност сега веќе со сериозни последици за Албанците. Јавно ги прашуваме дали е ова делувањето што толку помпезно ја најавија и промената што им ја ветуваа на Албанците во кампањата. Со оваа промена навистина ги спроведувате политиките на Мицкоски „Македонија повторно твоја“!“, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.