Екипата на Ливерпул по драматичниот финиш стигна до победа од 2:1 во дерби пресметката против тимот на Тотенхем.

По натпреварот тренерите на двата клуба, Жозе Мурињо и Јиген Клоп имаа разговор кој беше фатен и од камерите во директниот пренос, а во изјавата во поттрибинскиот простор, Мурињо истакна дека му кажал на Клоп дека подобриот тим на овој натпревар загубил.

Сепак, Клоп веднаш му возврати и истакна дека токму Ливерпул бил подобриот тим и заслужено ја однел победата од овој натпревар.

Сега со провокација до Жозе Мурињо се јави и фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер- Арнолд.

Тој на социјалните мрежи објави фотографија на која само кратко напиша: „Подобриот тим победи“, јасно алудирајќи на изјавите на Жозе Мурињо по крајот на натпреварот на „Енфилд“.