Веројатно сите сте ја слушнале онаа добрата „Уште од фрижидер да почне да излегува“, кога зборуваме за некој кој постојано го има на медиумите, во јавноста, па и секаде.
Е, тоа го направи претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Излезе од фрижидер, ама буквално. Станува збор за предизборен спот за изборите во Србија, каде Вучиќ е кандидат за претседател, а изборите ќе се одржат на 3-ти април.
Во видеото млад брачен пар гледа телевизија, па почнува кампањски спот со Вучиќ и жената на шега вели: „Фали уште од фрижидер да ни излезе“. ПР тимот на Вучиќ играл баш на оваа „фора“, па Вучиќ навистина се појавува од фрижидер и ги набројува успесите кои се постигнати во претходниот период.
„Дали навистина излеговте од фрижидерот?“, вели не толку изненадената жена.
„Знам, извинете, но за мене е важно да допрам до секој граѓанин на Србија. Има уште многу да се направи“, одговара Вучиќ, кој потоа наведува што е сработено и што останува да се заврши.
Во Србија поделени реакции за овој спот.