Собранието со 95 гласа „За“ денеска го избра новиот состав на Државната изборна комисија. .
Нов претседател на Државната изборна комисија е Александар Даштевски, поддржан од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. За негова заменичка е избрана Детмире Шеху.
Мандатот на актуелниот состав на Комисијата истекува на 15 јануари.