Александар Бајевски е нов спортски директор на Вардар, објавија „црвено-црните“.
– Особена чест и задоволство ни е да го најавиме враќањето во нашиот клуб на Вардаровата легенда Александар Бајевски, овојпат во улога на спортски директор. Со заеднички сили кон остварување на зацртаните цели, враќање на Вардар на местото каде што припаѓа, – објави ФК Вардар.
Бајевски е дете на Вардар, и играше за овој тим во младинските категории, и беше дел од овој тим до 2002 година. Потоа по интернационалната кариера повторно се врати во „црвено-црните“ во 2008/2009.