Нов директор на Бирото за јавна безбедност е Александар Јанев кој ја презема функцијата од досегашниот директор Сашо Тасевски.

За кадровските решенија во одредени институции, како што најавија од Владата, треба да се расправа на денешната прва владина седница, но досега се уште нема информација.

Потврда за назначувањето на новиот директор има на веб страната на Министерството за внатрешни работи во делот Биро за јавна безбедност каде е ставена биографијата на новиот директор.

Според објавеното, Јанев дооаѓа од позицијата раководител во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, а од 2018 до 2024 година работел како раководител во Одделот за општи и заеднички работи во МВР.

Има завршено средно полициско образование, Правен факултет во Скопје, а оваа година станал магистер по менаџмент на човечки ресурси.