Кристијано Роналдо би можел да го напушти Јувентус во летниот преоден рок.

Новиот тренер на „Старата дама“, Масимилијано Алегри, наводно нема намера да го задржи Кристијано во својот тим и е подготвен да се откаже од него.

„Кориере Торино“ тврди дека Алегри верува дека Кристијано го „кочи“ развојот на тимот. Затоа тој одлучи дека Португалецот е на продажба во овој преоден рок.

Нема премногу тимови кои би му понудиле на Роналдо договор што го има во Јувентус. 31 милиони евра годишно е бројка што одбива многумина, но ПСЖ и Манчестер Јунајтед наводно ја испитуваат можноста за доведување на Роналдо.

Легендарниот Португалец беше најдобар стрелец во Серија А минатата сезона, но имаше многу игри во кои тој не блескаше на теренот.

Роналдо стана член на Јувентус во 2018 година, а во претходните три сезони за Бјанконерите одигра 133 натпревари и постигна 101 гол.