Албин Курти, чија партија победи на последните парламентарни избори во Косово, кои беа вонредни, во интервју за бугарската агенција БТА изјави дека новата влада во Приштина тесно ќе соработува со Софија за европските интеграции на Косово.

Курти ја опиша Бугарија како близок сојузник на Косово и рече дека Приштина може да научи многу од Софија за европските интеграции. Лидерот на Самоопределување вели дека Косово ќе аплицира за статус на кандидат за членство во ЕУ и се надева дека неговата идна влада ќе работи тесно со Бугарија и за евроинтеграциите на Приштина и за развојот на билатералните односи, во кои може да се постигне многу подинамична економска и културна размена.