Кандидатот за косовски премиер, Албин Курти, преку видео на социјалните мрежи ја повика албанската дијаспора од Северна Македонија да се регистрира на пописот
„Бидејќи дури и со сегашниот Устав, политичките права на граѓаните во Северна Македонија се диктирани и произлегуваат од бројките, регистрацијата на секој граѓанин е исклучително важна. Ова значи дека во политичката застапеност, капиталните инвестиции, вработувањето, распределбата на буџетот, субвенциите за земјоделците, стипендиите за ученици и студенти, донациите за општините и слично зависат точно од бројот на граѓани на двете државно-формирачки заедници на Северна Македонија. Напишете го вашето име таму и кликнете на опцијата: албански “, рече меѓу другото Курти.
– Advertisement –
Во својата порака, лидерот на Движењето Самоопределување го спомена и неуспехот на пописот во 2011 година.
„Пописот се спроведува 20 години по оној од 2002 година, бидејќи тој од 2011 година беше откажан од сè уште непознати причини од тогашниот режим на Груевски“, рече меѓу другото во својата порака Курти.
Инаку, пописот на дијаспората преку апликацијата преку Интернет може да се изврши до 21 април. Пописот во земјата се очекува да започне на 1 април и да трае до 21 април. Инаку, граѓаните што живеат во странство, кои немаат можност да се регистрираат преку апликацијата преку Интернет, од 1 април ќе можат да се регистрираат кај своето семејство или роднини во земјава, кои ги знаат деталите за лицето за кое станува збор.