Албанскиот премиер Еди Рама следната недела ќе ја објави новата влада откако го освои својот трет мандат на изборите на 25 април. На последната средба со министрите во кабинетот, шефот на албанската влада ги предупреди дека некои од нив повеќе нема да седнат на таа маса. Во меѓувреме, претседателот Илир Мета, разрешен од Собранието и за кого се чека одлуката на Уставниот суд, е тој што треба да го одреди датумот на состанокот на новиот парламентарен состав за изборите на 25 април. Премиерот Рама ќе мора да се искачи по скалите на претседателството за да побара од претседателот, отпуштен со негово мнозинство, указ за новиот владин кабинет. Социјалистите, кои се очекува да го свикаат националното собрание на 28 или 31 август, се уште не одлучиле кој ќе биде наследникот на Грамоз Ручи, поранешниот претседател на парламентот. Се споменуваат тројца кандидати за водење на парламентот, меѓу кои и една жена.