Албанскиот парламент го ратификува договорот за заеднички контроли на граничните премини со РС Македонија. Седницата започна со едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите македонски патници во автобуската несреќа во Бугарија
„Албанија и Северна Македонија ќе имаат заеднички гранични контроли по истиот модел што го имаме со Косово и Црна Гора“, рече министерот за внатрешни работи Бледи Чучи во своето обраќање во Собранието.
Долж македонско албанската граница функционираат граничните премини Блато и Џепиште кај Дебар, Ќафасан кај Струга, Стење кај Ресен и Свети Наум кај Охрид. На сите гранични премини ќе има само еден контролен шалтер.