Откако портал од Албанија објави дека министри од Македонија преку ред се вакцинирале, односно добиле ВИП третман во Албанија, нешто што на својот Фејсбук го сподели и пратеникот Антонио Милошоски, со реакција се јави Владата.
📌Медиум од Албанија: Царовска, Груби и Маричиќ преку ред добиле "VIP вакцинација"❗
Posted by Antonio Miloshoski on Monday, 29 March 2021
-Најостро демантираме, не постои никакво вакцинирање на министри. Ги повикуваме пратеникот и порталите кои ја шират оваа тешка дезинформација да се откажат од манипулациите со населението во овие моменти на тешка здравствена состојба во државата, објави на официјалниот Твитер профилот Портпаролот на Владата.
– Ова е лажна вест, објави на Твитер Портпаролот на Владата, споделувајќи фотографија од објава на Антонио Милошовски на Фејсбук дека министрите Царовска, Груби и Маричиќ преку ред добиле ВИП вакцинација.