Полицијата вчера го приведе Ц.Ш. (47) од Албанија, бидејќи се сомничи дека извршил џепна кражба во автобус на ЈСП Скопје.

Според информациите од полицијата, Ц.Ш. одзел паричници од чанти на две жени од Скопје, додека тие патувале во автобусот. По инцидентот, осомничениот бил пронајден и лишен од слобода на Транспортниот центар во Скопје.

„По извршувањето на службениот разговор, осомничениот беше задржан во полициска станица“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Полицијата најави дека по целосното документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава во координација со јавен обвинител.