Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами во интервју за Радио Слободна Европа најави дека здружената албанска опозиција, во која освен БЕСА се уште Алтернатива и Демократско Движење на Изет Меџити, на претседателските избори следната година ќе кандидираат Албанец за претседател на државата.

Да, тоа е сигурно, досега сме излегле со такви комбинации и претходниот пат имавме заеднички кандидат со Алијанса за Албанците и сега една од нашите договорени работи со сегашната опозицијата е дека на следните претседателски избори ќе трчаме со наш кандидат, вели Касами.

Сепак, тој додава дека е рано да се откриваат имиња, односно кој ќе биде нивниот кандидат.