Албанската полиција продолжува со националната акција “чиста територија” против одгледување марихуана.
– Како резултат на воздушни проверки со армиски хеликоптер во области со многу тежок терен, во северниот дел, денеска во атарот на Вау те Дејас откриени се насади со марихуана при што се уништени 8.602 стебла, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во соопштението се додава дека продолжуваат работите за откривање, фаќање и изведување пред лицето на правдата на граѓаните инволвирани во оваа криминална активност.
Во рамки на акцијата само во северниот дел на земјата до сега се уништени повеќе од 300 илјади стебла марихуана.