И овој понеделник пратениците на албанската опозиција потпишуваа илјадници амандмани за блокада на Собранието. Ќе продолжат да попречуваат закони додека се најде решение за нивниот предлог закон за државјанство.
Координаторите на парламентарните групи на денешната средба со претседателот на Собранието разговарале за деблокирање на Собранието, но без конкретно решение. Координаторот на парламентарната група на коалицијата АА-ААА, Скендер Реџепи за ТВ21 вели дека како од СДСМ така и од ВМРО-ДПМНЕ побарал да седнат и да најдат решение.
„Прво е да седнеме заедно како Собрание, како парламентарни групи, како координатори да одредиме комисија која ќе дискутира за секој член посебно од предлог законот за државјанство. Нема член кој не може да се смени но секогаш ќе го зачуваме начелото да биде во интерес на тие на кои им треба државјанство. Ќе дискутираме. Во моментот кога ќе постигнеме општа форма, во моментот кога ќе седнеме и ќе почнеме да разговараме, со изнаоѓање реално решение, човечко, тогаш и деблокадата ќе дојде сама по себе“, истакна Скендер Реџепи.
Реџепи оценува дека решението ќе дојде многу брзо. Исто така верува дека решението може да се постигне во Собрание, без лидерска средба. Лидерите можат да се сретнат доколку недостига подготвеност во Собрание за решение, вели опозицискиот пратеник, додавајќи дека не се заинтересирани да блокираат закони, туку ги интересира да помине законот за државјанство. И од Владата, министерот за надворешни работи Бујар Османи кажува како државните институции исто така и партиите се ангажирале за наоѓање решение. Блокадата од албанската опозиција ја нарекува игра.
До сега албанската опозиција доставила над 10 илјади амандмани за различни закони кои ги предложила владата. Ова следи откако СДСМ го критикуваше предлог законот на Алијанса-Алтернатива за државјанство, а од друга страна ВМРО-ДПМНЕ достави околу 500 амандмани за истиот. Недостигот од наоѓање заеднички јазик ја револтира албанската опозиција која започна со доставување амандмани а со тоа велат нема да запрат се додека не се најде компромис за новиот закон за државјанство.