Коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернативите, денеска во Скопје, ја промовира платформата на која граѓани ќе имаат можност да го претстават својот проблем за добивање државјанство
„Целта на оваа платформа е да се соберат информации од граѓани кои се соочуваат со проблем за добивање државјанство, сега веќе 30 години од независноста на Северна Македонија“, вели ашким Бакиу, раководител на Аналитичкиот центар на Алијансата за Албанците.
Бакиу тврди дека лицата без државјанство се непризнаени граѓани во држава и покрај тоа што земјата е потписник на разни меѓународни конвенции, кои на секое лице му признава правото на државјанство.
„Денес на територијата на земјата има лица кои се законски невидливи. Ние ќе преземеме сеопфатен процес за собирање основни податоци од лица без државјанство во Северна Македонија, за да можеме потоа да извршиме политички притисок за решавање на овој проблем“, вели Бакиу.
Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, смета дека државјанството е минимална државна обврска кон секој граѓанин, а претседателот на Алтернатива Африм Гаши додаде дека земјата мора да се ослободи од стравот дека расте бројот на Албанците и со тоа да го попречи правото на граѓаните да добиваат државјанство.