Албанија ќе учествва на донаторската конференција за Украина што ќе се одржи на 5 мај во Полска, потврди премиерот Еди Рама по видео обраќањето на укранскиот претседател Володмир Зеленски пред албанските пратеници, пренесува Ора њуз.
– Сите Албанци, каде и да живеат, се со украинскиот народ, со срце, мисли и со се што имаме. Албанија е многу помала земја од Украина и нашите можности се скромни во споредба со вртоглавата големина на вашиот предизвик. Верувавме дека на почетокот, во однос на материјалната поддршка, нашата земја не може да направи разлика во оваа војна. Албанија може да биде вредна за Украина со својот глас на масата на НАТО или во Обединетите нации, да биде присутна на донаторската конференција за Украина и да го дадеме нашиот скромен придонес, рече Рама.
Но, според телевизијата, премиерот Рама не даде одговор на барањата кои Зеленски ги упати директно во видео пораката, меѓу кои и забраната за трговските односи и затворањето на пристаништата и забраната за руски туристи во Албанија.
Наместо Рама кус одговор на прашањето дали ќе биде блокиран влезот на руските туристи, даде Таулант Бала, координатор на пратеничката група на социјалистите и генерален секретар на партијата.
– Доколку оваа санкција биде разгледана од европските земји, Албанија ќе преземе чекори, рече Бала.