Пандемијата со Ковид-19, услови албанската државна каса, во еднаесетте месеци од годинава да остане попразна за 310 милони евра.

Ова го потврдуваат податоците на Министерството за финасии според кои во буџетот се слеале 382,9 милиради леки или 38,2 милијарди леки помалку споредено со истиот период минатата година.

Најголем пад е забележан во ставката персонален данок на доход со околу 12,4 милијарди леки, потоа кај данокот на добивка со пад од 7,9 милијарди леки заради одложувањето на плаќањето како мерка на поддршка за надминување на кризата.

Значително намалување има кај Данокот на додадена вредност бидејќи во перодот кануари-ноември се собрани 7,1 милијарди помалку во однос на 2019 година, што сигнализира забавување на потрошувачката во земјата.

Но, пандемијата не ја поштеди ниту касата на општините, бидејќи до крајот на ноември тие собрале околу две милијарди помалку по основ на локални даноци и такси.

Додека буџетот се соочува со голем недостиг на приходи, расходите од друга страна забележаа силен раст, достигнувајќи 455,6 милијарди до крајот на ноември или околу 24 милијарди повеќе од пред една година, во голема

мера погодени со зголемување на фондот за вонредни состојби за справување со владинте пакети за поддршка.

Овој голем дисбаланс помеѓу намалувањето на приходите и зголемените расходи, со цел справување со последиците од пандемијата, доведе до буџетски дефицит од околу 73 милијарди леки или 590 милиони евра. Тоа ја принуди владата да зема кредити за да ги покрие трошоците во текот на еднаесетте месеци од годинава.