Европската комисија, во името на ЕУ, денеска одвои 90 милиони евра за Албанија, во рамки на својата програма за макро-финансиска помош (МЈП), поврзана со Ковид-19, јави Топ чанел телевизија.
Според истиот извор Албанија е осма земја која е опфатена со пакетот за итни случаи на МЈП тежок три милијарди евра за десет партнери за проширување и соседство, што има за цел да им помогне да ги ублажат економските последици од пандемијата со коронавирусот.
Средствата ќе придонесат за ублажување на тешките социо-економски последици од пандемијата во Албанија.
-Овој вирус не познава граници: ЕУ стои покрај Албанија и нејзините граѓани во овие тешки моменти. Денешната трансакција следи по одобрување на меморандумот за разбирање со Албанија, во кој се утврдени условите за политика што треба да се исполнат за исплата на втората транша од 90 милиони евра. Овие услови се особено важни за подобрување на управувањето или зголемување на социјалната заштита, напиша на Твитер Луиѓи Сореца амбасадор на ЕУ во Тирана.
Оценува дека оваа програма е „силна и конкретна демонстрација на солидарност на ЕУ кон Албанија и албанските граѓани во време на оваа криза без преседан“. (МИА)