Италијански брод денеска се закотви во албанското пристаниште Шенѓин за да ја донесе првата група од 16 мигранти чии барања за азил ќе бидат разгледани во Албанија, јавува Anadolu.
Бродот „Либра“ го напушти италијанското пристаниште Лампедуза во понеделникот, превезувајќи десет мажи од Бангладеш и шест од Египет, кои беа спасени на море откако тргнаа од Либија.
Во Шенѓин ќе се врши идентификација и здравствени прегледи на мигрантите. Во Италија ќе можат да влезат само оние чии апликации се одобрени.
Минатата недела Италија официјално отвори два центри во Албанија за обработка на барањата за азил.
Италија објави дека не планира да ги раздвојува семејствата и дека ќе прими жени, деца, стари лица, болни и жртви на тортура.