„Тешките настани што се случија синоќа во Куманово, каде што неколку автомобили и една продавница на Албанци беа запалени, претставуваат горчлив доказ за духот на омраза и меѓуетнички поделби. Ова веќе не е само неодговорност или неуспех – ова е опасна криза која се влошува секој ден“, велат од ДУИ.

„Кога институциите не можат да ја гарантираат безбедноста на своите граѓани и кога молчат пред ваквите дела на омраза, пораката што се испраќа е јасна: Албанците во оваа земја се оставени на милост и немилост на судбината. Овој пристап не е само дискриминаторски, туку и длабоко дестабилизирачки за целото општество.

Демократската унија за интеграција повикува на итна интервенција од меѓународната заедница. Само меѓународен притисок може да ја запре оваа опасна спирала на насилство и омраза, која ја загрозува мирот и стабилноста во земјата.

Бараме овие напади веднаш да се истражат и сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата. Секој ден одложување е покана за оние што шират омраза да продолжат со своите срамни дела. Албанците нема повеќе да молчат пред оваа неправда, и ќе ги искористат сите демократски средства за да ги заштитат правата и достоинството на своите граѓани.

Демократската унија за интеграција ќе продолжи да биде гласот на Албанците и заштитник на мирот и стабилноста во оваа земја. Но, очигледно, оваа борба за правда и еднаквост не може да продолжи сама. Меѓународната заедница мора да реагира сега, пред оваа омраза да добие уште поопасни димензии“, соопшти ДУИ.