Минатата година во државава имало 58 правни субјекти кои се занимавале со обложување, или коцкање, а вкупниот приход што го направиле е 48.778.104.541 денари, или речиси 800 милиони евра, пишува порталот „Пари“ во нивната анализа.

Толку пари, значи, оставиле граѓаните на оваа забава, која за некого, за жал, е тежок порок. Како и да е, ниту коцкањето, ниту спортското обложување не е забрането, има долга историја во светот, а на компаниите што работат во Македонија им донело чиста добивка од 70,4 милиони евра, покажува анализата на порталот „Пари“.