Преговорите за трансфер на Давид Алаба во Челзи се во напредна фаза и веќе се прецизирани финансиските детали околу платата на австрискиот дефанзивец во случај на негова преселба на „Стемфорд бриџ“, објави денеска „Дејли мејл“.
Според британскиот весник, Алаба би заработувал 350.000 фунти неделно, со што би станал најскапо платен фудбалер во редовите на лондонскиот премиерлигаш.
Највисоки неделни примања во моментов во Челзи има Каи Хеверц (315.000 фунти), а зад него е Тимо Вернер со неделна плата од 270.000 фунти.
Алаба има важечки договор со Баерн Минхен до крајот на сезоната, а Челзи, како што пишува „Дејли мејл“ ќе се обиде да го донесе австрискиот десен бек веќе во јануарскиот преоден рок. (МИА)