Фудбалерот на Баерн, Давид Алаба е прогласен за најдобар фудбалер во Австрија во 2020 година, објави австриската новинска агенција – АПА.

Тој победи со глас на главните тренери на 12 клуба во австриската Бундеслига.

Алаба е најдобар во изборот по седми пат во кариерата. Тој беше прогласен за најдобар фудбалер во Австрија од 2011 до 2016 година.

Оваа сезона, Алаба одигра 22 натпревари на сите турнири и постигна еден гол.