Активни се три пожари во државата, соопшти Надица Вчкова од Главниот штаб за управување со кризи.
Во моментов се уште е активен пожарот во Велес кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци каде гори мешана шума.
Активен пожар има и во Македонски Брод, помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа, таму гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација.
И во Општината Василево кај селото Нивичино има активен пожар, каде гори нискостеблеста шума.
Пожарот кај селото Николиќ веќе е ставен под контрола, информираа надлежните а пожарот кај Чучер Сандево е целосно изгаснат.
„Согласно главниот штаб за ангажирање на ресурси денеска се вклучени две специјализирани возила со екипаж „Пинцгауер“ како и два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување на подрачјето кај селата Крушје и Иванковци. Во гаснењето на овој пожар ангажирани се и 30 припадници на АРМ. Воздухопловот на МВР е во поддршка на копнените сили во гаснењето на пожарот над село Нивичино во Општина Струмица“, извести Вчкова.
Додаде дека сите ангажирани ресурси остануваат максимално ангажирани на сите подрачја се додека целосно не се изгаснат активните пожари.
Текстот Активни се три пожари во државата, оној кај Николиќ е ставен под контрола е превземен од МАКФАКС.