Два пожара се активни во моментов во неготинско, потврдија за МИА од Центарот за управување со кризи.

– Активни пожари на територијата на Општина Неготино се  над АБХ Полигонот  во правец на Штипско рамниште на планината Серта  и во  атарот на село Калањево на место викано Дуњица на непристапен терен. И на двата активни пожари гори висока шума (мешавина од даб, смрека и бор) како и сува трева, грмушки и нискостеблеста шума. Силите интервенираат од раните утринските часови, додадоа од ЦУК.