За време на денешната церемонија на руската амбасада пред спомен-обележјето зад Универзална сала, една активистка ја пушти украинската химна од својот мобилен телефон.

За време на церемонијата на која рускиот амбасадор одржа агресивен воинствен говор против Украина и Западот, службениците на руската амбасада копаа во корпата за отпадоци зад спомен-обележјето, каде што пронајдоа еден звучник на кој, како што дознаваме, требаше да се пушти химната на Украина уште погласно.

Контејнерите во близина на спомен обележјето каде што руската амбасада одржа церемонија. На фотографијата се гледаат и пропадници на Левица (фото: ЦИВИЛ)

На церемонијата која беше организирана од Руската амбасада беа присутни раководството на неколку помали проруски екстремно десничарски партии, како што е Левица. Беа забележани и неколку потврдени поддржувачи на руската брутална агресија против Украина, како што се моторџиите на клубот „Ноќни волци“, екс-амбасадорот Ристо Никовски, поетот Ефтим Клетников, контроверзниот Стефан Влахов Мицов и други. На церемонијата, со ружа в рака, дојде и поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Од дипломатскиот кор во земјава, присутни беа само дипломатските мисии на Србија и Кина.