Околу 200 млади дебарчани денеска за само два часа го чистеа брегот на Дебарското езеро од смет кој таму пристигнува преку водите на реките Радика и Црн Дрим.
Во текот на акцијата тие го исчистија големиот пластичен смет како и ситни дрвца таложени покрај езерото.
Во еконолошка акција учествуваа и вработените во ЈКП ,,Стандард,, кои со нивната механизација помогна побрзо да се собере сметот.